Додека сириската граѓанска војна го тресе преградието на Дамаск, распоредот на државниот секретар Кери за патувањето во Европа и Блискиот исток вклучува средби со противници на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Портпаролката на Стејт департментот, Викторија Нуланд, вели дека тој го карактеризира своето прво патување како „турнеја на слушање“, и дека од Коалицијата на сириската опозиција ќе сака да слушне што уште може да се стори за решавање на конфликтот.
Сирија за Кери не е туѓа. За време на сослушувањето за негово потврдување на функцијата, тој кажа дека претседателот Асад во еден момент побарал помош од него.
„Тој сакаше да се најде некој начин за пружање рака кон Запад. Тоа никогаш не се случи, а сега уште помалку по одлуките кои ги донесе кои не можат да се оправдаат“, рече Кери.
Долгогодишниот сојузник на Асад, Русија, сега врши притисок за разговори со опозицијата. Кери има план да се сретне во Берлин со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој вели дека приоритет во Сирија е дијалог.
Портпаролката Нуланд кажа дека Кери е подготвен да работи со Лавров за охрабрување на сите Сиријци да започнат политичка транзиција.
Државниот секретар ќе се сретне со владини претставници во Лондон, Париз, Берлин, Ријад, Анкара, Каиро, Абу Даби и Доха, како и со лидери на сириската опозиција во Рим.
Претставници на Стејт департментот кажаа дека претходно имало планови во патувањето да се вклучат Ерусалим и Рамала, но потоа биле откажани заради тековните разговори меѓу израелските политичари во врска со формирање на владеачка коалиција.