Линкови за пристапност

Кери поблиску до функцијата државен секретар


Комисија на американскиот Сенат ја потврди номинацијата на сенаторот Џон Кери за следен државен секретар, а Сенатот во полн состав треба да гласа подоцна во вторник.

Комисија на американскиот Сенат ја потврди номинацијата на сенаторот Џон Кери за следен државен секретар, а Сенатот во полн состав треба да гласа подоцна во вторник.

Комисијата за односи со странство на Сенатот ја одобри номинацијата на демократот од Масачусетс, кој е претседател на Комисијата за односи со странство на Сенатот и кого претседателот Барак Обама го номинираше минатиот месец да ја наследи Хилари Клинтон на функцијата.

На распит минатата недела Кери кажа дека САД мора да ја средат својата фискална куќа за да останат глобален лидер. Тој рече дека повеќе од кога и да било порано, надворешната политика е економска политика.

Кери има 28 години служба во Сенатот.
XS
SM
MD
LG