Линкови за пристапност

Кери на распит за потврдување


Сенаторот Џон Кери е номиниран од претседателот за функцијата државен секретар и се очекува лесно да го мине процесот на конфирмација во Сенатот.

Американскиот сенатор Џон Кери, претседател на сенатската Комисија за односи со странство, во четврток се среќава со неговите колеги на распит за потврдување на неговата номинација за државен секретар на САД.

Поранешниот демократски претседателски кандидат се очекува да биде испрашуван за неговата служба во Виетнам, кризата во Сирија и за предложениот нафтовод „Кистоун ХЛ“ што ќе се протега од Канада до јужната американска држава Тексас.

Кери, еден од најбогатите американски сенатори веќе надмина една од можните пречки за потврдувањето со ветувањето дека ќе ги реинвестира средствата од компании кои работат со американската влада и други кои може да имаат влијание на дипломатските одлуки.

Богатството на Кери се проценува на 184 милиони долари.

На него се гледа како на можен државен секретар уште откако Претседателот Барак Обама дошол на функцијата, што потоа беше функција дадена на Хилари Клинтон. Се очекува Кери лесно да го мине процесот на потврдување.
XS
SM
MD
LG