Линкови за пристапност

Средба со индискиот колега за регионални безбедносни прашања, економската и технолошката соработка.

Американскиот државен секретар Џон Кери во Њу Делхи се сретна со индискиот колега Салман Куршид.

Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека разговорот бил фокусиран на „клучните столбови“ на односите меѓу двете земји - регионалните безбедносни прашања, економијата и технологијата.

Во изјавата по средбата, Кери го поздрави индиското лидерство на глобалната сцена и ја повтори заедничката визија на обете земји за мир и стабилност во Азија. Тој подвлече дека и САД и Индија се залагаат за „единствен и стабилен“ Авганистан, додавајќи дека Вашингтон ја поддржува индиската помош за оваа земја.

Кери рече дека како најбројна демократија во светот, Индија може да одигра клучна улога во поддршката за изборите во Авганистан наредната година, преку помош во подобрувањето на авганистанскиот изборениот систем.

Тој воедно ја повика Индија да се активира во однос на климатските промени, издвојувајќи ја важноста на прашањето за натамошниот развој на државата.

Американскиот државен секретар допатува во Њу Делхи вчера, откако престојуваше во Катар, каде со група министри за надворешни работи разговараше за ситуацијата Сирија. Утре заминува за Саудиска Арабија.
XS
SM
MD
LG