Линкови за пристапност

Кери во Кенија на разговори за Јужен Судан


Продолжување на нестабилноста доведе до речиси милион бегалци и хуманитарна криза, рече американскиот државен секретар

Џон Кери, американскиот државен секретар, отпатува во Кенија на разговори со источноафриканските министри за надворешни работи, со цел да се најде начин како да се спречи повторување на граѓанската војна во Јужен Судан.

Кери се сретна со претседателот на Кенија Ухуру Кенијата, пред состанокот со останатите министри, на кои треба да се разговара за одржување на мирот во најновата држава во светот.

„Луѓето во Јужен Судан предолго имаат страдано“, изјави Кери пред новинарите, и додаде:

„Продолжување на нестабилноста таму доведе до речиси милиони бегалци и хуманитарна криза, што е премногу за да може меѓународната заедница да се справи со тоа“.

Кери планира да разговара со африканските министри за надворешни работи и за ситуацијата во Сомалија, во која претстојните парламентрани и претседателски избори се очекува да донесат стабилност.

Немирите во Јужен Судан почнаа уште од независноста на Судан во 2011-та година. Граѓанска војна, насилство и територијални проблеми го отежнаа напредокот на оваа држава.

XS
SM
MD
LG