Линкови за пристапност

Секретарот Кери утре во Русија


Главни теми - Иран, Сирија и Украина

Американскиот државен секретар Џон Кери утре во Сочи ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и други руски претставници. Тема на разговорите ќе бидат редица билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ги Иран, Сирија и Украина.

Според соопштението на Стејт департментот, средбите се дел од тековниот напор официјален Вашингтон да одржува директна комуникација со виши руски претставници и да обезбеди дека американските ставови се јасно соопштени.

Следна станица на агендата на секретарот Кери е Анталија. Тој во Турција ќе присуствува на Самитот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што ќе се одржи на 13-ти мај.

Од 16-ти до 17-ти мај, првиот човек на американската дипломатија ќе престојува во Кина. Во Пекинг ќе се сретне со виши претставници на кинеската влада во врска со американските приоритети на САД наспроти Стратешкиот и економски дијалог, планиран за летово и престојната посета на кинскиот претседател Ши Џинпинг на САД, есенва.

На 17-ти и 18-ти мај, Кери ќе го посети Сеул. Со јужнокорејската претседателка Пак Гун-хе и министерот за надворешни работи Јун Бјунг-се ќе разговара за глобални, регионални и билатерални прашања, но и за престојната посета на Гун-хе на САД.

XS
SM
MD
LG