Линкови за пристапност

Државниот секретар Кери ќе разговара за Сирија


За време на посетата на Шпанија, Кери истакна дека САД се залагаат за избегнување на „целосно уништување“ на Сирија.

Државниот секретар Џон Кери изјави дека подоцна неделава ќе се сретне со лидерите на Русија, Турција, Саудиска Арабија и Јордан, а фокусот на разговорите ќе бидат можностите за изнаоѓање на политичко решение на ситуацијата во Сирија.

За време на посетата на Шпанија, Кери истакна дека САД се залагаат за избегнување на „целосно уништување“ на Сирија и дека ќе ги води овие разговори само доколку инволвираните страни ќе се обидат да имаат подобро разбирање за опциите на маса и како да се постапи по нив.

Русија веќе три недели изведува воздушни напади како поддршка на сириските сили, како дел од кампањата што резултираше со остра критика од САД и други земји, коишто велат дека руските сили главно целат на бунтовници, а не на милитанти на организацијата Исламска држава.

XS
SM
MD
LG