Државниот секретар Џон Кери денеска во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега, Сергеј Лавров и рускиот претседател Владимир Путин, на разговори за кризата во Украина и Сирија.
Кери претходно изјави дека многумина се надеваат дека дискусиите ќе помогнат да се стави крај на конфликтот во Сирија што е можно побрзо. Тој подвлече дека воедно целта е и да се изнајде начин за соработка и за други предизвици во регионот, како Јемен, Либија и мир на Блискиот Исток.
Шефот на американската дипломатија додаде дека делумното примирје во Сирија резултирало со, цитираме, одреден напредок и дека има кревко, но корисно намалување на насилството.
Кери се очекува од Русија да побара одговори за ставовите околу политичката транзиција во Сирија.