Линкови за пристапност

Кери: Примирјето може да е последна шанса за Сирија


Американскиот државен секретар вели дека е рано да даде оценка на ефективноста на договорот со Русија

Првиот ден по прекинот на огнот во Сирија помина главно мирно, со неколку прекршувања.

Договорот влезе во сила вчера, со залезот на сонцето.

Неколку часа подоцна, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека договорот за примирје „може да биде последна шанса“ за спас на државата веќе петта година во граѓанска војна.

Но тој додаде дека е избрзано да се цени ефективноста на договорот постигнат со посредување на САД и на Русија.

XS
SM
MD
LG