Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека војната во Пакистан против милитантите во северозападниот племенски регион донела „значителни резултати“, но предупреди дека битката против терористичките групи не е завршена.
Кери рече дека по стратешките разговори во Исламабад, екстремистички групи, како пакистанскиот и авганистанскиот Талибан, мрежата Хакани и Лашкар е-Таиба, не само што се закана по Пакистан, туку и за соседите и за САД.
Тој додаде дека државите мора да вложат напори екстремистите „да не можат да се чувствуваат безбедно“ во Пакистан и каде било на друго место.
Посетата на Кери доаѓа помалку од еден месец по нападот врз училиште во Пешевар од страна на Талибан, кога беа убиени 134 деца и 16 вработени. Виш претставник на Стејт департментот рече дека државниот секретар планирал посета на преживеаните од нападот во болница во Пешевар, но оти временските услови го принудиле да ги промени плановите.