Линкови за пристапност

Фокусот на средбите со премиерот Наваз Шариф ќе биде напредок во борбата против екстремизмот.

Државниот секретар Џон Кери пристигна во Пакистан каде ќе се сретне со премиерот Наваз Шариф.

Кери пристигна во Исламабад во понеделник, откако присуствуваше на Самитот за трговија и инвестиции, што се одржуваше во Индија.

Тој се наоѓа на речиси еднонеделна турнеја, што вклучува посети на земји од Европа. Посетата на Пакистан не беше јавно соопштена.

Во петокот, виш претставник на Стејт департментот изјави дека главен фокус на посетата на Кери на Пакистан ќе биде подготовка за престојнатаиот министерска средба во рамки на Американско-пакистанскиот стратешки дијалог.

Истиот извор додаде дека Стратешкиот дијалог поддржува развој на „посилни, поефикасни пакистански институции на владеење“ и стабилност.

Американскиот владин претставник изјави дека ангажманот на секретарот Кери во Пакистан, ќе биде од клучно значење за напредок на „заедничката борба против милитантниот екстремизам“.

XS
SM
MD
LG