Американскиот државен секретар Џон Кери ги предупреди неговите европски колеги за заканата од авторитарните трендови во светот и Европа.
Зборувајќи на Министерскиот совет на ОБСЕ во Хамбург, Џон Кери кажа дека зголемениот тренд на авторитарно размислување е проследено со скратување на човековите права, ограничување на слободата на медиумите и зголемен број на случаи на нетолеранција и злосторства поттикнати од омраза.
„Нетрпеливоста, репресијата и замолчување на оние кои размислуваат поинаку не може да биде норма за никого од нас“, кажа тој. „Секое оддалечување од фундаменталните слободи е дел во поплочувањето на патот на тиранијата“
Кери исто така кажа дека конфликтот во Источна Украина и руската окупација на Крим траат предолго и го повика ОБСЕ да продолжи со напорите за постигнување на мирно решение за овие проблеми.