Линкови за пристапност

Кери во Париз за заживување на израелско-палестинските мировни преговори


Американскиот државен секретар присуствува на конференцијата само за да ги слушне предлозите на Франција и на другите присутни

Американскиот државен секретар Џон Кери, заедно со највисоките европски и арапски дипломати, денес во Париз се очекува да најдат доволно заедничка основа за заживување на израелско-палестинските мировни преговори.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, на отворањето на мировната конференција, ги повика Израел и Палестинците да „направат храбар избор за мир“.

„Дискусијата за условите за траен договор меѓу Изралеците и Палестинците мора да го земе предвид целиот регион“, рече Оланд.

Тој додаде дека меѓународните сили треба да имаат клучна улога во посредување во мировниот процес, но оти клучно е двете страни да работат на нивните разлики.

„Заканите и приоритетите се променија. Тие ја направија ситуацијата уште поитна за да се најде решение за конфликтот, и овој регионален пресврт создава нови обврски за мир“, вели Оланд.

Вашингтон на францускиот напор одговори резервирано, со тоа што Кери се согласи да присуствува на конференцијата единствено да ги слушне предлозите на Франција и на другите присутни.


XS
SM
MD
LG