Линкови за пристапност

Џон Кери оддаде почит на жртвите во Кенија


Државниот секретар Џон Кери се наоѓа во посета на Кенија, каде им оддаде почит на жртвите во нападите врз американската амбасада во Најроби во 1998-та и серија други неодамнешни напади. Тој ја повтори определбата на САД за натамошна поддршка во борбата против тероризмот.

Положувајќи венец за време на комеморацијата на местото на настанот, Кери подвлече дека „терористите секогаш ќе потфрлат“ во напор за сеење на страв и поделби на луѓето и дека „иднината не им припаѓа ним“.

Шефот на американската дипломатија се сретна со кенискиот претседател Ухуру Кенјата, а фокусот на разговорите беа начините за поефикасно спавување со заканите на милитантната организација ал-Шабаб со седиште во соседна Сомалија.

Кенија на неколкупати беше цел на милитантски напади. Ал-Шабаб инцидентите ги поврзува со вмешаноста на Кенија во напорите на силите на Африканската Унија за спавување со милитантите во Сомалија.

САД изведуваат напади со беспилотни летала за поддршка на трупите на Африканската Унија.

XS
SM
MD
LG