Линкови за пристапност

Кери ја заврши азиската турнеја


Сега се упатува кон Абу Даби за разговари за сириската војна, израелско-мировниот процес и иранската нуклеарна програма.

Државниот секретар Џон Кери ја заврши шестдневната турнеја низ Азија во чии рамки ги посети Индонезија, Кина и Јужна Кореја. Во Абу Даби првиот човек на американската дипломатија ќе се фокусира на граѓанската војна во Сирија, израелско-палестинскиот мировен процес и иранската нуклеарна програма.

Во Џакарта тој се сретна со актуелниот генерален секретар на Асоцијацијата на Југоисточни азиски држави на разговори за заедничките интереси во регионот. Со својот индонезиски колега Марти Наталегава Кери дискутираше за регионалните прашања.

Во говор во Џакарта во неделата, државниот секретар подвлече дека климатските промени се закана за целиот свет. Тој додаде дека науката за климатските промени го убедува светот да реагира по овој тренд, што го оквалификува како апсолутно неизбежен.

Претходно во Кина, за глобалното затоплување и по други прашања разговараше и со претседателот Кси Џинпинг.
XS
SM
MD
LG