Линкови за пристапност

Американските законодавци бараат од Обама поцврст став спрема Иран


Водечките американски законодавци ја поттикнуваат администрацијата на Обама да заземе посилен став спрема Иран во врска со неговата нуклеарна програма, поставувајќи го прашањето дали проширување на економските санкции прават некаква разлика.

Претседателот на сенатската Комисија за односи со странство, Џон Кери, демократ, Иран го нарече „најголем надворешно-политички предизвик со кој се соочуваат САД“ за време на распит во среда. Тој кажа дека само санкциите нема да го натераат Техеран да го промени курсот и го повика Вашингтон да се ангажира во „дипломатија без пардон“ со Иран.

Законодавците се согласија дека САД ги држат сите опции отворени, вклучувајќи и употреба на воена сила.

XS
SM
MD
LG