Линкови за пристапност

Кери – домаќин на авганистанско-пакистански разговори во Брисел


Разговорите се со цел да се намали тензијата меѓу соседите во период на подготовки на НАТО за заминување од Авганистан

Американскиот државен секретар Џон Кери се сретна со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и високи пакистански претставници за разговори со цел да се намалат тензиите меѓусоседните држави пред повлекувањето на НАТО од Авганистан следната година.

Кери, кој во среда беше домаќин на трилатерална средба во Брисел, кажа дека има голема надеж за продуктивна серија на дискусии со Карзаи, пакистанскиот армиски шеф, генералот Ашваг Кајани и пакистанскиот министер за надворешни работи Џалил Џилани.

Тој додаде дека Авганистан во моментов е во „критичен период на трансформација“.

Карзаи изразил оптимизам пред новинарите спроти средбата, велејќи дека се надева на најдобро.

Разговорите дојдоа еден ден по средбата на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, каде генералниот секретар на НАТО го повика Пакистан да игра позитивна улога во донесување на долготраен мир и стабилност во Авганистан.

Тензиите меѓу Авганистан и Пакистан се присутни со години. Авганистан го обвинува Пакистан за поддршка на Талибан по должина на заедничката граница.
XS
SM
MD
LG