Линкови за пристапност

САД разместија дел од персоналот на амбасадата во Кенија


Растечката загриженост од тероризам и последните напади од сомалиската група ал-Шабаб се причина за потегот

САД разместија дел од дипломатскиот персонал надвор од Кенија заради растечка загриженост од тероризам.

Ново предупредување од Стејт департментот вели дека американската амбасада во Најроби „релоцира некои од вработените во други држави“, иако амбасадата ќе продолжи со нормални операции.

Предупредувањето вели дека САД продолжуваат да добиваат информации за можни терористички закани за американските, западните и кенијските интереси во Кенија, вклучувајќи и во областа на Најроби и во крајбрежните градови Момбаса и Диани.

Во понеделникот амбасадата стави ограничување на официјален персонал кој патува во сите крајбрежни градови, заради смртоносните напади од страна на вооружени лица во градот Мпекетони.

Сомалиската група ал-Шабаб ја презеде одговорноста за тие напади, додека кенискиот претседетал Ухуруу Кенјата ги обвини „локалните политички мрежи“ напаѓајќи луѓе заради нивната етничка припадност.
XS
SM
MD
LG