Линкови за пристапност

Заложничка драма во Кенија


Според кениски извори, најголем дел од заложниците се ослободени; Најмалку 62 мртви

Кенискиот министер за внатрешни работи вели дека најголем дел од заложниците биле спасени од трговскиот центар во Најроби, што исламистички милитанти го зазеле во саботата.

Џозеф Оле Ленку кажа дека кениските сили сега ја имаат целосната контрола на локацијата, и дека двајца од напаѓачите биле убиени во операцијата на армијата.

Тој зборуваше околу 90 минути по силните експлозии кои сведоци ги слушнале од трговскиот центар, по што имало престрелка со огнено оружје, а целата област била завиткана во црн чад.

Армијата ја започнала акцијата синоќа. Според Ленку 62 лица биле убиени од саботата наваму, а Црвениот крст објави цифра од 69.

Црвениот крст вели дека други 175 лица се ранети и уште 65 други се регистрирани како исчезнати.

Во моментов не е јасно колку се спасени и колку се` уште се во трговскиот центар.

Во аудио порака – портпаролот на сомалиската терористичка група ал-Шабаб рекол: Напуштете ја нашата земја или ќе живеете постојано напаѓани“.

Кениските сили влегле во Сомалија пред две години да се борат против милитанти на ал-Шабаб кои често ја минувале границата за изведување напади.

Претседателот Барак Обама го повика кенискиот претседател да му изрази сочувство и да ја реафирмира американската определба со Кенија да се бори против тероризмот.
XS
SM
MD
LG