Тројца припадници на Одделот за одбрана на Соединетите американски држави се убиени во напад изведен од страна наекстремистичката група Ал-Шабаб со седиште во Сомалија врз воена база што ја користеле американските анти-терористички сили во Кенија.
Во нападот исто така се уништени и неколку американски авиони и возила. Ова е прв напад на групата поврзана со Ал Каида против американските сили во оваа источноафриканска земја.
Портпаролот на кениската војска соопшти во дека загинале пет напаѓачи.
Американската воена команда во Африка, позната како АФРИКОМ, потврди дека дел од чадот може да потекнува од уништување на опрема во базата.
Соопштено е дека Ал-Шабаб презел контрола над дел од базата.
Facebook Forum