Најмалку едно лице беше убиено, а неколкумина други се повредени во денешниот вооружен напад во средно училиште во Кентаки, изјавија официјални лица.
Гувернерот Мет Бевин и полицијата, го потврдија инцидентот во училиштето „Маршал каунти“ во градот Бентон, преку Твитер.
Бевин додаде дека напаѓачот бил уапсен и дека во моментов ситуацијата е безбедна. Тој кажа дека „не може да верува оти вакво нешто може да се случи во мала општина како што е Маршал“. Гувернерот подвлече дека засега има мошне малку детали.
Во меѓувреме, во истрагата се приклучија и федералните власти.
Локалното раководство рече дека ќе објави дополнителни информации, штом бидат достапни, а засега нема коментар од вработените во училиштето, кое го посетуваат преку 1.100 ученици.
Facebook Forum