Адвокат кажа дека полицијата го открила телото на 52-годишната Мари Кенеди во нејзиниот дом во Бедфорд, северно од градот Њујорк. Полицијата не објави други детали.
Мари Кенеди била втора сопруга на Роберт Кенеди. Двајцата поднеле барање за развод во 2010 по 16 години брак.
Роберт Кенеди е автор на неколку книги и еден од врвните адвокати во САД со специјалност за заштита на животната средина.
Тој е син на сенаторот Роберт Кенеди, врз кого бил извршен атентат во јуни 1968 додека барал претседателска номинација од Демократската партија, и е внук на претседателот Џон Ф. Кенеди, убиен во атентат во ноември 1963.