Линкови за пристапност

Холмс: 200 проценти сум посреќна како жена


Холмс: 200 проценти сум посреќна како жена
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:20 0:00

Разговор со Керин Кендра Холмс, една од 50-те најуспешни трансродови лица во САД за нејзиното искуство со целосна транзиција од маж во жена

Дваесетти ноември е Ден за сеќавање на сите жртви на насилство против трансродовите лица. Една од најпроминентните активисти, што особено дава гласност на „Т“ во ЛГБТИ заедницата во САД е гостинката на Гласот на Америка на македонски, Керин Кендра Холмс.

Нејзината улога таа ја гледа како „камче, што водата го турка наоколу, за да ја каже својата приказна на светот. Некој да ја слушне и да ја пренесе пораката - дека сите сме добри луѓе и правиме добри дела“, вели таа.

Холмс е успешна личност на многу професионални полиња - вработена во владина агенција, водителка е на радио емисија, активистка, учесничка на ТЕД икс програмата - посветена на идеи вредни за споделување - и припадничка е на армијата на САД.

Керин некогаш била Тони. Веќе девет години е жена, целосно транзицирана. И за тој, релативно кус, период има добиено толку признанија и награди што ќе заме премногу простор сите да се набројат. Можеби е доволно да кажеме само дека во 2013 била прогласена за Војник на годината, од 24 сојузни држави меѓу 23.000 војници, а во 2017 списанието ЛГБТИ Нација ја прогласи за една од 50 најуспешни трансродови Американци што треба да ги знаете.

Како постигнала толку многу за само девет години?, ја прашавме. За неа тоа не е кратко време, зашто Керин отсекогаш постоела, но таа не била свесна за тоа до јуни 2010.

Таа верува во максимата „никогаш не заборавај од каде си дошол“. Знае од прва рака колку е тежок целиот процес, физички и ментално

За некои може да е незамисливо, или во најмала рака храбро, на истото работно место, меѓу луѓе кои ја знаеле како маж, еден ден да се појави како жена. Но Керин вели дека тоа било добра одлука.

„Двесте проценти сум посреќна сега, како вистинската јас, отколку како Тони“, вели таа.

Првиот ден назад на работа по операцијата за промена на полот, и целосно променет надворешен изглед, бил голем чекор за неа, но пријатно била изненадена од реакцијата на колегите. Ја пречекале со картички за добредојде и цвеќе, и довчерашните колешки на Тони, на Керин ѝ нуделе поддршка како жена на жена.

Но ова позитивно искуство не дошло случајно. Таа го заработила тоа. Направила платформа за тоа која е.

Отсекогаш верувала во давање назад на заедницата и често, и многу, волонтирала. Создала толку зад себе што кога го отворила прашањето за менување на полот, тоа бил само нов факт, ништо повеќе.

Чувствувајќи дека сепак треба на одредени лица лично да им ја соопшти одлуката за транзиција, реакцијата напати била комична: „Ах, добро, мислев дека сакаш да ми кажеш дека заминуваш од организацијата“.

Нејзината веб страница го носи нејзиното име, и под тоа стои „40 години талкав, но не повеќе“. Звучи како да стигнала до целта, нашла мир. Зошто тогаш и денес толку неуморно работи?

Има многу на кои им треба помош, одговара таа.

„Фокусирана сум на трансродовите лица. Сакам да им помогнам да добијат самодоверба за да бидат тоа што се, и да не се грижат за другите што ќе речат.“

Зборувајќи за предизвиците со кои оваа исклучителна личност, во најширока смисла на зборот, се соочува денес на личен план.

„Порано ми требаше пет минути за миење на косата. Сега ми требаат 45, па и час. Ако одам на фризер, двојно повеќе. Женските блузи се закопчуваат на другата страна. Патентот на панталоните е обратно и најголемиот проблем – на спортски и други големи настани, редицата пред женското ве-це е огромна. Пред машкото нема ред, но тоа веќе не е опција. Сепак, не би променила ништо, светот да ми го дадат“, додава Керин Кендра Холмс, со смеење.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG