Линкови за пристапност

Трамп подготвува „порационална верзија“ на забраната за бегалци


Секретарот на Одделот за домашна безбедност рече дека новата наредба ќе ги земе предвид лицата со работна виза или тие што поседуваат таканаречена зелена карта

Секретарот на Одделот за домашна безбедност Џон Кели изјави дека претседателот Доналд Трамп наскоро ќе објави „порационална верзија“ на наредбата за забрана за влез во САД на имигранти од седум држави, со претежно муслиманско население.

Говорејќи на Минхенската конференција за безбедност во саботата, Кели рече дека новата верзија на наредбата за патување, подобро ќе ги земе предвид лицата со работна виза или тие што поседуваат таканаречена зелена карта.

„Ќе имаме краток период да осигураме дека луѓето не се качиле во авион. Но, ако тоа веќе се случило, ќе им биде дозволено да влезат во државата“, рече Кели.

Според медиумските извештаи, новата имиграциона наредба се очекува да биде објавена најрано утре. Трамп исто така изјави дека ќе ја соопшти наредбата во текот на оваа недела.

XS
SM
MD
LG