Линкови за пристапност

Претседателот Трамп задоволен како тече распитот за судијата Кавана


Номинираниот за Врховниот суд одби да одговори дали претседателот како и сите други граѓани мора да одговори на судски налог и да се појави пред суд

Номинираниот судија за Врховен суд на САД Брет Кавана, денес повторно ќе биде на сослушување во Сенатот во врска со неговата кандидатура да постане деветти член на највисокиот суд во државата.

Претседателот Доналд Трамп, кој го номинираше Кавана, вели дека е задоволен како се одвива сослушувањето.

Синоќа Кавана вети независно судството. Но, тој одби да одговори дали претседателот како и сите други граѓани мора да одговори на судски налог и да се појави пред суд да сведочи.

Ова прашање е од особена важност, со оглед на истрагата на Роберт Мулер за наводните врски на кампањата на Трамп и Русија. Мулер не издал судски налог за Трамп, но тоа останува можност во неговата тековна истрага за руското мешање на изборите.

Ако биде потврден од Сенатот, Кавана ќе го зацврсти конзервативното мнозинство, заменувајќи го пензионираниот судија Ентони Кенеди, кој важеше за умерен конзервативец.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG