Линкови за пристапност

Сенатската комисија за правосудство гласа за номинацијата на судијата Брет Кавана


Сенатската комисија за правосудство денеска треба да гласа номинацијата на Брет Кавана, номинираниот судија за Врховниот суд, еден ден од драматичните сведочења, неговото, но и на Кристин Блази Форд, жената што го обвини за сексуално насилство кога биле тинејџери.

11 републиканци и 10 демократи од сенатската комисија за правосудство ќе одлучат дали да му предложат на целиот состав на Сенатот да почне со процедурално гласање, кое се очекува да стартува во сабота.

Американската асоцијација на правници ја повикаа сенатската комисија и Сенатот да го одложат гласањето, се` додека ФБИ не направи целосна проверка за вистиноста на тврдењата на Форд и уште други жени за сексуалните престапи на Кавана во минатото.

Нејасно е дали републиканците ќе имаат доволно гласови да ја поддржат номинацијата на претседателот откако судијата Брет Кавана, емотивно негираше на сослушувањето дека извршил сексуален напад врз Форд на забава во 1982-ра, кога биле тинејџери. Вчера, и тој и Форд, ја кажаа својата приказна пред сенатската комисија за правосудство.

Ако Кавана биде потврден на испразнетото место за Врховен судија, тогаш највисоката судска инстанца во САД ќе има конзервативно мнозинство од 5-4, што може да има големо влијание врз одлуките и животот на следни генерации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG