Линкови за пристапност

Фатиме Фетаи: Кривичната одговорност на еден обвинител не смее да биде оправдување да запре нашата борба


Претставници на СЈО, за првпат се произнесоа за апсењето на нивната шефица
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Денеска, претставници на СЈО, за првпат се произнесоа за апсењето на нивната шефица

Дипломатските претставници во Скопје се воздржуваат од јавни изјави за притворањето на шефицата на СЈО, но, она што неофицијално го порачуваат е дека институциите мора да спроведат темелна истрага и да ја продолжат борбата со организираниот криминал и корупција.

Не се исклучува можноста „Рекет“, доколку не биде соодветно процесуиран и истражен, да се ефектуира и врз евроинтеграциите и очекувањето Унијата во октомври да одреди датум за старт на преговори.

„Случајот „Рекет“ е тест за институциите во пресрет на големата одлука на за тоа дали спроведените реформи создадоа институции со капацитет за справување со вакви предизвици. Оттука, секоја криза е можност ако правилно се искористи, и ако на овој случај му пристапиме транспарентно“, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

Денеска, претставници на СЈО, за првпат се произнесоа за апсењето на нивната шефица.

„Ова што се случува може да биде само добар показател дека секој што се огрешил пред законот мора да одговара и дека работите конечно се придвижуваат во позитивна насока и дека никој не е недопирлив. Но, од друга страна, евентуалната индивидуална кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО не смее да биде оправдување за да се заборави целиот криминал што беше направен во последниот период и ние да ја запреме нашата борба. Тимот на СЈО е во целост посветен на борбата за правда“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Приведувањето и притворањето на Јанева не е доволно за опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ смета дека станува збор за театар кој треба да ја замаскира вистината.

„Договорен театар со кој треба да се прикријат трагите кои водат кон Илинденска и Зоран Заев. Катица Јанева му остана верна на Зоран Заев, како што и тој и остана верен во сите местенки и криминали. Катица Јанева и Зоран Заев се лице и опачина на истата паричка“, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Јанева денеска од затворот во Шутка, каде од синоќа го издржува притворот, беше спроведена во Гевгелија на погреб на својата мајка.

Шефицата на СЈО во оставка потоа била вратена во Шутка, каде според одлуката на судот, треба помине 30-дневен притвор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG