Линкови за пристапност

Јанева спроведена на увид во доказите против неа


Јанева на увид во доказите против неа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Јанева повторно во обвинителството, овој пат да ги види доказите кои Рускоска ги има против неа

Неколку часа трае увидот во доказите кој Јанева и нејзиниот адвокатски тим го врши во зградата на Обвинителството за организиран криминал каде таа околу пладне со лисици на рацете беше спроведена од истражниот затвор „Скопје“ каде го издржува притворот.

Јанева прво ќе види со какви докази располага нејзината поранешна колешка, обвинителката Вилма Рускоска и нејзиниот тим, и потоа ќе даде исказ за нејзината евентуална инволвираност во случајот „Рекет“.

Нејзиниот адвокатски тим најави дека ќе бара да се укине притворот и да се замени со куќен бидејќи откако предметите на СЈО завршија во државното обвинителство таа повеќе не може да влијае врз сведоците или да го повтори делото.

Бојан Јовановски – „Боки 13“ вчера исто така вршеше увид во доказите на Обвинителството и го искористи правото да даде исказ откако ќе заврши со процедурата.

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, повторно побара ефикасна и чиста истрага за случајот „Рекет“ и нагласи дека нема да се толерираат никакви странични влијанија без ралика од каде тие доаѓаат. За него овааа афера претставува тест за функционалноста на правната држава.

Тој додаде дека во изминатите 28 години, од осамостојувањето до денес, има многу малку пресуди за висока корупција и соодветни санкции, а тој факт говори дека високиот криминал и корупцијата биле прикривани и во државата се етаблирала култура на неказнување.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал официјално соопштија дека дел од истрагата во случајот „Рекет“ која се однесува на рекетирањето на бизнисменот Орце Камчев е завршен. Јовановски и Јанева остануваат во „Шутка“ додека второсомничениот Зоран Милевски – Кичеец од завчера е во куќен притвор.

Во моментот се истражува финансиското работење и злоупотребите во невладината на Јовановски – „Меѓународен сојуз“ каде неколку бизнисмени уплатија над еден милион евра за проект за старечки домови кој никогаш не стартуваше.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG