Линкови за пристапност

Јанева не даде исказ, побара увид во доказите против неа во аферата „Рекет“


Јанева не даде исказ, побара увид во доказите против неа во аферата „Рекет“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:26 0:00

Бидејќи истрагата е затворена одбраната ќе побара укинување на притворот

Околу еден час се задржа Катица Јанева во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Екс-шефицата на СЈО не дала исказ – прво сакала да изврши увид во доказите против неа како осомничена во аферата „Рекет“.

Јанева со лисици, во полициско комбе беше вратена во затворот во Шутка каде го издржува притворот.

Нејзините адвокати објаснија дека в четврток ќе вршат увид во доказите – надлежните ги информирале дека утре официјално ќе го добијат документот дека истрагата за Јанева е затворена.

„За меѓународниот сојуз Јанева не е дел од истрагата. Утре ќе го видиме решението за завршена истрага и мислам дека е тоа само за „Империја“, изјави адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска.

Бидејќи истрагата е затворена одбраната ќе побара укинување на притворот.

„Со завршување на истрагата отпаѓа точката два која што значи влијание врз доказите, така што ќе се створи можност за притворот да остане само под точка еден што подразбира бегство или ќе се отвори можност за нудење гаранција за да биде пуштена да се брани од слобода со гаранција“, изјави адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев.

Јанева е во притвор од 21 август. Според нејзините адвокати нејзината здравствена состојба сега е добра. За натамошниот тек на постапката одбраната кусо прокоментира дека се надева на правичен епилог.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG