Линкови за пристапност

Брнс: Ме загрижуваат обидите да се доведат во заблуда граѓаните за влијанието на Договорот од Преспа


Кејт Брнс: Договорот од Преспа не е само името, туку и отворање можности за луѓето од земјата
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:05 0:00

Американската амбасадорка нагласи дека се ризикува да се изгубат трансформативната моќ и корист од Преспанскиот договор

Амбасадорката на САД во Скопје Кејт Брнс изјави дека Преспанскиот договор не е само името, туку и креирање можности за луѓето од земјата и од регионот.

„Значењето на Преспанскиот договор е што препозна дека земјите мора да соработуваат едни со други и да прават тешки компромиси, оти како резултат на тие компромиси може да градат подобра иднина. Она што ме загрижува околу обидите да се доведат во заблуда луѓето за влијанието на Преспанскиот договор за тоа што значи за земјата, е тоа што се ризикува да се изгубат трансформативната моќ на Преспа и користа од Договорот“, рече Брнс.

Таа додаде дека Договорот создава нови можности, ја проширува регионалната соработка, носи странски инвестиции и креира позитивна иднина.

„Така што кога слушам како се зборува за поништување или ревизија на Преспанскиот договор, граѓаните треба да размислат и да знаат за користа од Договорот“, рече амбасадорката Брнс, по завршувањето на настанот на кој се најави отворање на билатерални канцеларии за младинска соработка меѓу Северна Македонија и Грција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG