Линкови за пристапност

Рестрикциите врз Кашмир ќе бидат кренати


Официјални претставници од владата на Индија велат дека рестрикциите поставени врз регионот на Кашмир под контрола на Индија ќе бидат „кренати постепено“.

Врховниот суд на Индија денеска ја слушна петицијата од уредникот на Kashmir Times кој го покренува прашањето за забраните поставени пред 12 дена врз Кашмир од Индија.

Адвокатот, според весникот Deccan Chronicle на панелот му кажал дека системите за комуникација ќе бидат повторно оспособени во најскоро време така што новинарите ќе можат да ја вршат својата работа во регионот на кој и Индија и Пакистан полагаат право.

Во четвртокот, Пакистан кажа дека тројца од нивните војници загинале во судири со Индија преку спорната граница на Кашмир, позната како Линија на контрола, среде зголемените тензии меѓу двете држави во врска со Хималајскиот регион.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG