Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи вели дека е потребна средба на племенските стрешини во земјата за да се реши дали американските војници, кои би останале во Авганистан и по 2014-та година, би добиле имунитет од кривичен прогон според авганистанскиот закон.
Карзаи, кој се врати во Кабул по тридневната посета на САД, денес изјави дека за прашањето на имунитетот треба да одлучи авганистанскиот народ, а не авганистанската влада. Тој рече дека треба да се свика лоја џирга – националното собрание на племенските старешини, и тоа да донесе одлука.
Карзаи во петокот во Белата куќа се сретна со американскиот претседател. Барак Обама предупреди дека ниту еден американски војник нема да остане во Авганистан по повлекувањето на НАТО-силите во 2014-та, доколку не им биде даден имунитет од кривичен прогон пред локалните судови.
Карзаи денес најави дека за договор за имунитетот ќе бидат потребни осум до девет месеци.