Линкови за пристапност

Карзаи ја привршува помирувачката посета на Вашингтон


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во четврток ја заокружува четиридневната посета на Вашингтон, на патување за време на кое неодамнешните тензии меѓу САД и Авганистан речиси не беа споменати

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во четврток ја заокружува четиридневната посета на Вашингтон, на патување за време на кое неодамнешните тензии меѓу САД и Авганистан речиси не беа споменати.

Карзаи ќе има јавно излагање и ќе учествува во сесија на прашања и одговори попладнево со Државната секретарка Хилари Клинтон, со која се сретна порано неделава.

Авганистанскиот претседател исто така ќе патува на Националните гробишта во Арлингтон, каде ќе ги посети гробовите на Американци убиени во борби во Ирак и во Авганистан. Карзаи, кој во вторник посети ранети американски војници, изрази благодарност за американската поддршка во Авганистан, вклучувајќи ги и жртвите на американските трупи кои се борат со бунтовништвото.

Американскиот претседател Барак Обама се осврна на она што кажа дека е „воочена“ тензија меѓу Вашингтон и Кабул по целодневните разговори со Карзаи во Белата куќа во среда. Тој рече дека двете страни се определени на целта за безбеден и стабилен Авганистан.

XS
SM
MD
LG