Американскиот пртседател Барак Обама се среќава со неговиот авганистански колега, Хамид Карзаи, во Вашингтон, во среда, со цел поправање на затегнатите односи меѓу двете влади.
Обама ќе мине речиси цел ден со Карзаи, вклучувајќи ручек и заедничка прес-конференција во Белата куќа.
Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс кажа дека средбата има за цел постигнување специфични цели во Авганистан, и особено да се изврши притисок врз Карзаи за чистење од курупција во неговата влада.
Од негова страна, Карзаи се очекува да побара повеќе информации за планот на Обама за почеток на повлекувањето од Авганистан до средина на 2011, како и да ја пренесе загриженоста за цивилни жртви од војната.
Двајцата лидери исто така се очекува да разговараат за авганистанските планови за национално мировно собрание подоцна месецов. Таа „Џирга“ има за цел да ги реинтегрира талебанските војници од понизок ранг и офицери во националните безбедносни сили.
Американскиот пртседател Барак Обама се среќава со неговиот авганистански колега, Хамид Карзаи, во Вашингтон во среда, со цел поправање на затегнатите односи меѓу двете влади