Линкови за пристапност

Разговори Клинтон – Карзаи во Вашингтон


Разговори Клинтон – Карзаи во Вашингтон
Разговори Клинтон – Карзаи во Вашингтон

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во вторник се среќава со американската државна секретарка Хилари Клинтон во Вашингтон за разговори чија цел е смирување на тензиите заради авганистанската критика на западната политика

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во вторник се среќава со американската државна секретарка Хилари Клинтон во Вашингтон за разговори чија цел е смирување на тензиите заради авганистанската критика на западната политика.

Клинтон организираше вечера за авганистанскиот претседател во понеделникот навечер, на почетокот на неговата четиридневна посета.

Карзаи е придружен од десетина членови на неговиот кабинет.

Во среда Карзаи треба да се сретне со претседателот Барак Обама и потпретседателот Џо Бајден.

Белата куќа вели дека дискусиите ќе се фокусираат на авганистанската безбедност и раководење со државата, вклучувајќи ги и напорите на Карзаи за борба против корупцијата, и неговото прифаќање на елементи од Талебан кои сакаат мир.

Меѓу другите поголеми прашања ќе бидат тековните напори на САД и НАТО за изградба на способна авганистанска армија и полициски сили, како и зајакнување на државните правосудни институции.

XS
SM
MD
LG