Линкови за пристапност

Карзаи вели дека неговиот кабинет прима пари од Иран


Карзаи вели дека неговиот кабинет прима пари од Иран

Авганистанскиот претседател кажа дека парите биле примани со негово знаење

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи призна во понеделникот дека неговата канцеларија прима пари од Иран еднаш или два пати годишно.

Тој трансакцијата ја нарече „транспарентна“ форма на финансиска помош. Претседателот Карзаи кажа дека Иран дава на неговата канцеларија стотици илјади долари по различни поводи.

Претседателот Карзаи со тоа одговори на напис во Њујорк Тајмс, каде се тврдеше дека неговиот шеф на кабинет, Умар Даудзаи, примал исплати од Иран за „промовирање на ирански интереси“ во авганистанската претседателска палата.

Карзаи кажа дека Даудзаи ги примал парите по упатства на авганистанскиот лидер.

Весникот цитира неименувани извори кои рекле дека Иран го користи своето влијание да „создаде јаз“ меѓу Авганистанците и нивните американски добротвори.

Весникот вели дека авганистанскиот претседател и неговиот шеф на кабинет ги користеле парите за плаќање на авганистанските законодавци, племенски лидери и талебански команданти за да ја обезбедат нивната лојалност.

Еден авганистански претставник кажал за весникот дека Даудзаи промал меѓу еден и два милиони долари секој втор месец.

XS
SM
MD
LG