Линкови за пристапност

Картер во Авганистан


Нова студија на Пентагон укажува на значителен пораст на насилство во регионите каде што има присуство на Исламската држава

Американскиот секретар за одбрана Аш Картер е во ненајавена посета на Авганистан.

Неговата посета доаѓа во време на зголеменото насилство во оваа земја, особено на исток каде има зголемено присуство на Исламската држава.

Нова студија на Пентагон вели дека има пораст од 27 проценти на терористички напади во главниот град Кабул во споредба со истото време минатата година.

Како реакција на ситуацијата, американскиот претседател Барак Обама одлучи да задржи 9.800 американски трупи.

Картер има закажано состаноци со армиски команданти и ќе има средби со американските војници додека е во Авганистан.

XS
SM
MD
LG