Линкови за пристапност

Кара-Мурза преместен од затворот што е знак дека можеби ќе има размена на затвореници со Западот


Рускиот опозиционер Владимир Кара-Мурза на судско рочиште во Москва
Рускиот опозиционер Владимир Кара-Мурза на судско рочиште во Москва

Владимир Кара-Мурза, руско-британски државјанин, осуден на 25 години затвор под обвинение за предавство, е преместен од неговиот затвор во Сибир и е испратен на друго место, изјавија од руската затворска служба за Ројтерс.

Затворската служба соопшти дека Кара-Мурза е префрлен од казнената колонија ИК-16 во Омск на друга дестинација.

Не беше наведено каде.

Голем број руски дисиденти и луѓе осудени за нивното противење на војната на Москва во Украина исчезнаа од руските затвори во последниве денови, што според активистите за права е можен знак дека можеби е близу размена на затвореници со Западот.

XS
SM
MD
LG