Линкови за пристапност

Потивките кандидати за претседател на САД со поголеми шанси за победа?


Ново истражување покажува дека овие кандидати се доживуваат како посилни и самоуверени

Истражување на говорот на учесниците во трка за претседател на САД покажува дека потивките кандидати имаат поголеми шанси за победа.

„Лицата кои не се толку гласни имаат поголеми шанси да победат. Нашите податоци покажуваат дека овие кандидати се доживуваат како посилни и самоуверени“, велат истражувачите од Универзитетот на Мајами.

Сепак, многумина кои работат на претседателски кампањи се сомневаат во ваквите тврдења, оти веруваат дека гласачите многу поинтензивно ги анализираат кандидатите.

„Јас сум скептичен дека некој ќе дојде и ќе рече дека се изолирани работите што влијаат на резултатот, дали се работи за знаци, телевизиски реклами или пари во политиката“, вели Мет Дол, кој работел на околу 250 локални кампањи на републиканските кандидати во Охајо.

Дол смета дека гласот на кандидатите има улога во влијание врз гласачите, како и полот, експресивноста, висината и други козметички карактеристики.

Набљудувачите велат дека сенаторката Елизабет Ворен од Масачусетс е добра во дебати, и се многу заинтересирани како конгресменот Бето О`Рурк ќе се претстави.

Што се однесува, пак, до претседателот на САД Доналд Трамп, сметаат дека тој има ритам и способност да го задржува вниманието на публиката со неподготвени говори за време на кампањата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG