Кампањата за реизбор на американскиот претседател Џо Бајден во 2024 година соопшти дека тие и Демократската партија собрале 72 милиони долари во текот на првиот квартал од почетокот на кампањата.
Бајден, кој ја започна својата кампања во април, имаше 77 милиони долари во готовина на крајот на јуни во неколку ентитети за собирање средства и Демократската партија.
Тие средства му даваат можност да започне да гради тим за кампања пред она што би можело да биде кампања од 1 милијарда долари и најскапата трка во историјата.
Бајден (80), се бори со сомнежите за неговата возраст кога одлучи да побара втор, четиригодишен мандат во 2024 година.
Фаворит на републиканците, поранешниот претседател Доналд Трамп, собра повеќе од 35 милиони долари во периодот април-јуни, изјави претставник на кампањата.
Од кампањата на Бајден се бара до сабота да достави финансиска евиденција до Федералната изборна комисија.
Кампањата рече дека донациите дошле од 394.000 донатори и дека 30 отсто биле нови соработници од кампањата во 2020 година.
Тие одржаа 38 настани за прибирање финансиски средства во текот на кварталот, при што Бајден патуваше низ земјата на мали групни настани со врвни соработници.
Извор: Ројтерс