Линкови за пристапност

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден ја избра Камала Харис за потпретседателска функција доколку победи на изборите


Харис има 55 години и е првата црна жена и Американка со јужно-азиско потекло на изборно ливче на голема партија за претседателски избори

Претпоставената демократска претседателска номинација, Џо Бајден, ја избра сенаторката од Калифорнија Камала Харис за потпретседателска функција, што ја направи прва црна жена што е именувана на изборно ливче на голема партија за претседателски избори.

Како жена од индиско потекло, таа исто така прави историја како прва значајна Јужно-азиска Американка која е кандидатка за општи избори.

„Имам голема чест да соопштам дека ја избрав Камала Харис -- бестрашен борец за малиот чивек, и една од најдобрите јавни службеници -- за потпретседателка“, напиша на Твитер Бајден во вторникот попладне. „Заедно, со вас, ние ќе го победиме Трамп“.

XS
SM
MD
LG