Линкови за пристапност

Камала Харис во посета на границата со Мексико во обид да го намали бројот на мигранти


Потпретседателката на САД Камала Харис отпатува на границата САД-Мексико, како дел од нејзините напори да го намали бројот на мигранти кои се обидуваат да влезат во САД, додека истовремено ги истражува корените на миграцијата во Централна Америка.

Нејзиниот кабинет соопшти дека таа ќе го посети Ел Пасо, заедно со секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас.

Потпретседателката се очекува да биде пречекана од локaлната демократска конгресменка Евроника Ескобар.

Харис, исто така, ќе се сретне со верски лидери и организации, кои се вклучени во засолнување и обезбедување правна помош за мигрантите.

Харис на почетокот на овој месец беше во посета на Гватемала и Мексико, каде им порача на мигрантите да не доаѓаат во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG