Линкови за пристапност

Камала Харис ќе зборува за лажните поморски тврдења на Пекинг во Индонезија


Нејзината посета доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, бидејќи Кина објави контроверзна територијална карта што го навлече гневот на Индија, Виетнам, Тајван, Малезија и Филипините
Нејзината посета доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, бидејќи Кина објави контроверзна територијална карта што го навлече гневот на Индија, Виетнам, Тајван, Малезија и Филипините

Потпретседателката на САД Камала Харис денес застана во Алјаска на пат за Џакарта за да се сретне со лидерите на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија, или АСЕАН, на самитот чиј домаќин е Индонезија.

Нејзината посета доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, бидејќи Кина објави контроверзна територијална карта што го навлече гневот на Индија, Виетнам, Тајван, Малезија и Филипините.

Се очекува Харис да го покрене прашањето за, како што ги нарекува администрацијата, „лажните поморски тврдења“ на Пекинг за време на нејзините состаноци со лидерите на АСЕАН.

„Таа нема да избегнува да зборува за нашите одговорности како пацифичка сила“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби за Гласот на Америка во петокот.

„Пет од нашите седум договорни сојузи се во индо-пацифичкиот регион и затоа потпретседателката сигурно ќе стави до знаење дека САД сериозно ги сфаќаат тие одговорности“.

Иако Харис беше во регионот неколкупати откако ја презеде функцијата, ова е нејзин првпат во Индонезија - американски стратешки партнер од 2015 година и клучен играч во индо-пацифичката стратегија на администрацијата на Бајден.

Во август, индонезискиот министер за одбрана и неговиот американски колега објавија дека двете земји ќе работат на зголемување на одбранбените способности на Индонезија со американско оружје.

АСЕАН се придржува до донесување одлуки засновани на консензус и немешање во внатрешните работи на другите земји.

Набљудувачите велат дека тие принципи придонесуваат за двосмисленоста и неефективноста на групата во решавањето на геополитичките прашања кои ќе бидат во фокусот на состаноците оваа недела: споровите за Јужното Кинеско Море, кризата во Мјанмар и војната против Украина.

За време на нејзиниот тридневен престој во земјата, Харис ќе присуствува и на самитот во Источна Азија, кој ги обединува АСЕАН и неговите партнери САД, Кина, Русија, Австралија, Индија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја

XS
SM
MD
LG