Линкови за пристапност

Камала Харис ќе се обрати на самитот во Швајцарија и ќе се сретне со Зеленски


Потпретседателка на САД - Камала Харис
Потпретседателка на САД - Камала Харис

ВАШИНГТОН, 14 јуни (Ројтерс) - Потпретседателката Камала Харис викендов ќе присуствува на меѓународниот самит за Украина во Швајцарија, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и ќе се обрати до светските лидери.

Таа ќе го нагласи исходот од војната со Русија и влијанието на целиот свет, рече американски официјален претставник, и ќе се заложи за максимален број земји да ја поддржат идејата дека инвазијата на Москва на Украина е кршење на основните принципи на Повелбата на ОН и дека во Украина мора да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет.

Харис, која ќе помине помалку од 24 часа на собирот во Луцерн, Швајцарија, ќе зборува на местото на претседателот Џо Бајден. Претседателот Бајден по завршувањето на своето учество на самитот на Г7 во Италија, ќе се врати во САД за да присуствува на собирањето средства за неговата реизборна кампања во Лос Анџелес.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигнува на аеродромот во Цирих во Швајцарија, 14 јуни 2024 година.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигнува на аеродромот во Цирих во Швајцарија, 14 јуни 2024 година.

Во меѓувреме, Харис ќе се сретне со Зеленски и ќе се обрати на пленарната сесија на самитот. Бајден претходно се сретна со Зеленски на самитот на Г7, каде што потпишаа билатерален безбедносен договор меѓу САД и Украина, како и во Франција за време на настаните околу 80-годишнината од инвазијата на Денот Д.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, ќе ги претставува САД на самитот во недела и ќе помогне во формирањето работни групи за враќање на украинските деца од Русија и за енергетската безбедност.

Русија не беше поканета на настанот. Кина, која е клучен руски сојузник, вели дека нема да присуствува на конференцијата бидејќи не ги исполнува барањата на Пекинг, вклучително и учеството на Русија.

Џо Бајден - Претседател на САД
Џо Бајден - Претседател на САД

Високиот американски функционер рече дека отсуството на Русија нема да влијае на самитот, но изрази жалење за одлуката на Пекинг.

„Посакуваме Кинезите да се појават“, рече претставникот. „Тие тврдат дека се силни поддржувачи на суверенитетот и територијалниот интегритет и на овие принципи, и дозволуваат на една земја што премногу ја поддржуваат, Русија, да ги прекрши овие принципи.”

92 земји и осум организации ќе присуствуваат на самитот за Украина во Швајцарија.

XS
SM
MD
LG