Линкови за пристапност

Камала Харис ќе ја пречека Ким Кардашијан во Белата куќа да разговараат за реформи во кривичното право


Кардашијан првпат стана гласна активистка за реформи во кривичното право за време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп
Кардашијан првпат стана гласна активистка за реформи во кривичното право за време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп

Потпретседателката на САД Камала Харис денес ќе ја пречека претприемачката и ѕвезда на реално шоу Ким Кардашијан во Белата куќа, за да разговара за реформите во кривичното право, откако претседателот Џо Бајден даде помилување на повеќе луѓе осудени за ненасилни престапи со дрога.

Во средата, Бајден одобри помилување на 16 лица, помилувајќи 11 од нив, а на другите пет им ја ублажи казната.

Четворица од примателите на помилувањето ќе се приклучат на настанот денес четврток, изјави претставник на Белата куќа, кој не сакаше да биде именуван.

Харис е фокусирана на убедување на обоените и младите гласачи да им дадат втор, четиригодишен мандат на Бајден и на неа, во моментот кога многу гласачи се незадоволни од начинот на кој се справуваат со економијата, постојаната инфлација и војната во Газа.

САД затвораат повеќе луѓе од која било друга земја.

Околу 1 од 5 од тие 1,9 милиони луѓе се зад решетки за прекршок поврзан со дрога.

Црните и Латиноамериканците се несразмерно затворени, а реформата на законот за дрога има најширока поддршка меѓу младите гласачи.

Црните, Латиноамериканците и младите гласачи имаат тенденција да ги фаворизираат демократите.

За време на состанокот, Харис ќе објави финализирање на правилото за администрација на мали бизниси кое ќе ги отстрани повеќето ограничувања за подобност за заем врз основа на криминалното досие на лицето, рече претставникот на Белата куќа.

Кардашијан првпат стана гласна активистка за реформи во кривичното право за време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Откако ја презеде функцијата, Бајден им ги ублажи казните на 122 лица и даде помилување на 20 лица кои извршиле ненасилни прекршоци за дрога, соопшти Белата куќа.

Во декември, Бајден даде категорично помилување на илјадници осудени за употреба и едноставно поседување марихуана во Вашингтон и на федерални територии.

XS
SM
MD
LG