Линкови за пристапност

Проектот за црквата–музеј да се стави на увид на јавноста, бара академската заедница


Проектот за црквата–музеј да се стави на увид на јавноста, бара академската заедница
Проектот за црквата–музеј да се стави на увид на јавноста, бара академската заедница

Инцидентот на Кале од минатата недела, како и најавата за нови собири на Калето во сабота ја интензивира политичката но и академската дебата на тема меѓуетнички односи.

Политичките страсти не стивнуваат. Опозициската СДСМ бара оставки од директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, но и од министерката и заменик минстерот за внатрешни работи, Јанкуловска и Бучи. Ако не ги разреши од функциите Груевски ќе потврди дека е креатор на тензиите, велат во СДСМ.

Без брзо расчистување на инцидентот и утврдување на одговорност на сите инволвирани лица, Груевски ризикува да се случи уште поголем меѓуетнички инцидент од одмазднички побуди, изјави Андреј Петров, СДСМ.

Свесно или не, СДСМ ја презема улогата на создавач на тензии, нервоза и влевање на страв, вели ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција.

Тие потсетуваат дека институциите интензивно работат на расветлување на инцидентот, и дека досега биле доставени 60 кривични пријави против учесници во нередите.

ДУИ пак застана во одбрана на нивиот замник минстер за внатрешни. Одговорни се оние кои ги создадоа проблемите, вели градоначалникот на Чаир:

„Прво, одговорност треба да се побара од тие што предизвикаа проблеми, а Џеват Бучи ги третираше последиците и беше во функција на стабилизирање на ситуацијата. Работиме интензивно да се смират страстите и работите да се решат институционално“, изјави Изет Меџити, претседател на општина Чаир.

На оваа тема се одржа и акдемска расправа.

Универзитетскиот професор, Ферид Мухиќ, смета дека Владата е виновна за инцидентот на Калето поради тоа што изградбата на објектот била криена од јавноста. „Архитектонски тоа воопшто не е спорно. Останува спорно зошто и кому му одговара тоа да биде ни риба ни девојка, да биде пола црква пола музеј. Владата не постави ниту јасна одлука ниту планови на тоа што е тоа, а потоа оној неверојатен гест да почне ноќе да гради, тоа не да е сомнително туку е апсолутно недозволиво и тоа е гест врз основа на кој се провоцираше судир“, рече Ферид Мухиќ.

Професорката Билјана Ванковска, пак, смета дека целиот инцидент е одраз на тоа што се случуваше претходно кога на полноќ на скопското Кале министри и пратеници на ДУИ дозволиле уривање на објектот.

„Ако на тоа место градите сосема новокомпонирана градба тогаш е сквернавење на верскиот објект, значи не се работи за конзервирање на нешто што како културно наследство е најдено, па ставено, опколено да го чуваме, туку градите новокомпонирана турбо-фолк архитектура. Од друга страна, исто не можам да сватам зошто министрите на Владата одат среде ноќ возбудени да интервенираат, дури да ги уништуваат доказите на измамата“, вели професор Биљана Ванковска.

На трибионата беше побарано Владата веднаш да го стави на увид дефинитивниот проект за црквата-музеј на Калето, за конечно да се расчистат дилемите што точно се гради таму.

Тоа, според експертите, е првото нешто што може да се направи сега, за да се намалат разгорените меѓуетнички и меѓурелигиозни тензии. Истовремено треба да се отвори широка дебата во општеството за да се види дали има консензус за проектот - нешто без што градбата не смее да продолжи, е заклучено од собирот.

XS
SM
MD
LG