Линкови за пристапност

Каков лидер му треба на СДСМ според аналитичарите


Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски

По оставката на Димитар Ковачевски од претседателското место на СДСМ, ги прашавме аналитичарите Агим Јонуз и Благојче Атанасовски, каков лидер му треба на СДСМ за да остане партијата релевантна. Не верувам дека сега и веднаш, и со многу брз избор би се нашол заеднички претседател на кого сите ќе му веруваат, вели Јонуз.

„На СДСМ му е потребен претседател, на кого сите, ако не му веруваат барем ќе му дадат шанса. Со оваа констелација јас не верувам дека такво нешто може да се случи. На СДСМ му е потребен авторитет од поширок радиус. СДСМ е сегрегирано, поделено е на групи, групички, на радиуси на луѓе кои имаат свои мислења и интереси“, вели Јонуз.

Kаков лидер му треба на СДСМ?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

Благојче Атанасовски смета дека на СДСМ му треба лидер, кој ќе има капацитет да ги обедини сите структури и фракции, односно да ја застане партијата на здрави нозе, со цел нејзин политички спас.

„Најбитно во моментот е лидерот да поседува капацитет, да може да ја врати довербата и моралот кај членството на СДСМ. Му треба лидер, кој по консолидацијата на партијата и членството ќе може да наметне политика со која ќе може да привлече дополнителен квантум на гласови во однос на неопределените гласачи“, вели Атанасовски.

Изборот на било кој од четворицата кандидати, кои имаат амбиции да го наследат Ковачевски е враќање од сенка на нивните претходници, а тоа на СДСМ не му е потребно, додава Јонуз. Атанасовски, пак, вели дека треба лидер кој апсолутно ќе нема никакви хипотеки од минатото.

СДСМ
СДСМ

„Од изборот кој го имаме, немаме инфилтрирано чист примерок на кој масата заедно ќе му верува. Трагедијата која му се случува на СДСМ, може да ја спаси само еден пречистен некомпромитиран и неизвалкан лидер, а јас барем таков не гледам во оваа група“. Рече Јонуз.

„Сите тие кандидати беа дел од СДСМ во изминатите седум години, кога СДСМ, беше владејачка партија, учествуваа во тоа што се вели дополнително нарушување на кредибилитетот на СДСМ, односно учествуваа во процесите поради кои СДСМ дојде до тоа историски дно“, рече Атанасовски.

Според двајцата, СДСМ во моментот се соочува со најголемата внатре-партиска криза од своето постоење, кога на последните избори на 8 мај го достигна историскиот минимум, освојувајќи нешто над 150.000 гласови.

XS
SM
MD
LG