Линкови за пристапност

Како Русија го користи системот за препознавање лица?


Истражување на Ројтерс откри дека мрежата за видеонадзор на Москва игра важна улога во апсење на антивладини демонстранти
Истражување на Ројтерс откри дека мрежата за видеонадзор на Москва игра важна улога во апсење на антивладини демонстранти

Рускиот активист за човекови права Александар Жаров снимил видео додека влегувал во метро станица во Москва.

На видеото се гледа како Жаров поминува низ рампата за наплата која е опремена со камера која го фотографира.

Неколку минути подоцна му пришол полицаец.

„Ги прашав да ми ја кажат причината за приведувањето. Еден од полициските службеници рече дека сум бил на листата на барани лица“, рече Александар Жаров.

Како Русија го користи системот за препознавање лица?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Ова било трето приведување на Жаров во Москва.

32 – годишниот бил идентификуван преку системот за препознавање на лица, технологија која е широко инсталирана низ метрото во руската престолнина.

Истражување на Ројтерс откри дека мрежата за видео надзор на Москва игра важна улога во апсење на антивладини демонстранти.

Откривме и дека по инвазијата на Русија врз Украина во февруари 2022 година, властите почнаа да го користат системот за препознавање на лицата, како превентивна мерка за спречување на луѓето да протестираат.

„Во Русија го имаме Големиот Брат, кој ве гледа во секој момент. И луѓето веќе не можат да зборуваат слободно за политика“, изјави Сергеј Пинчук.

Властите во Русија и Москва не одговорија на барањата да коментираат по наводите.

Да погледнеме како системот за препознавање на лицата ѝ помага на руската полиција да идентификува и отстранува противници на Кремљ.

Во 2017, официјална Москва објави на една од најголемите светски мрежи за видео надзор, преку системот за препознавање на лица.

Околу 160 илјади камери беа инсталирани низ градот за да им помогнат на службите, соопшти тогаш Градското одделение за информатички технологии.

Во метрото на Москва системот за препознавање на лица се користи за контрола на плаќањето за билет, како и за безбедносни причини.

Патниците се фотографирани додека минуваат покрај рампите.

Потоа, компјутер користи алгоритми на вештачка интелигенција за да ги анализира и идентификува лицата.

Ако системот препознае патник од листа за приведување, полицијата веднаш реагира.

Ова го велат 29 луѓе кои токму вака биле приведени.

Сите имаат едно заедничко – го критикувале претседателот Владимир Путин.

Повеќето учествувале на антивладини протести.

„Мислам дека причината зошто јас бев приведен во метрото се должи на мојот граѓански отпор на војната меѓу Русија и Украина и на политичката репресија во државата“, рече Александар Жаров.

Нашата проверка на повеќе од две илјади судски случаи покажува дека камерите играат важна улога во апсењето на стотици демонстранти.

Повеќето од овие луѓе се приведени во 2021 година, по нивно учество на антивладини демонстрации.

Но, по инвазијата на Русија во Украина, властите почнаа да го користат системот за препознавање на лица за да ги спречи луѓето да протестираат.

Ова го велат дваесетина приведени лица.

27 – годишниот Сергеј Пинчук е еден од нив.

„На 9-ти мај бев приведен во метрото на една од станиците во Москва. Всушност претходно бев приведен пет или шест пати, но тоа е поради моите политички активности. Ова приведување беше посебно. Бев приведен за ништо. Само што влегов во метрото ми пријде полицаец, ме зема и ми рече „Ти си приведен, дојди со мене’“, рече тој.

Пинчук вели дека тогаш бил однесен на сослушување во блиска полициска станица.

„Имаше еден полицаец – се презива Рогов. Се сеќавам на него бидејќи ми се закануваше. Ме фати за врат и ме удри неколку пати во ѕидот, ме клоцаше. Тој беше многу лут и насилен. Тоа беше лошо искуство“, додаде тој.

Против Пичнук и Жаров немало покренато никакво обвинение.

Властите во Русија и Москва не одговорија на прашањата на Ројтерс за приведувањето на Жаров и Пичнук, ниту за другите наши соговорници.

Кремљ ги препрати прашањата до градоначалникот на Москва, од каде нема одговори.

И руското Министерство за внатрешни работи, кое го надгледува спроведувањето на Законот, не одговори на прашањата испратени преку Кремљ.

За Пинчук и Жаров, надзорот, ризикот од приведување и притисокот од полицијата, им го пореметиле животот. Не виделе друг избор освен да ја напуштат Русија.

„После приведувањето имав чувство дека Русија се трансформира во филијала на Кина, каде модерната дигитална технологија станува играчка во раце на диктатори“, вели Жаров кој се преселил во Германија.

За разлика од него, Пинчук решил да се пресели во САД. Тој живее во Сиетл од каде бара азил.

„Сè се случи набрзина. Кога сфатив дека го напуштив домот, целиот живот што сум го имал, родителите, пријателите... Кога влегов во автомобилот и тргнав кон аеродромот, заплакав. Тоа беше последен пат кога плачев“.

„За иднината? Се надевам дека нештата ќе се сменат во мојата држава, секако се надевам дека наскоро ќе го видам моето семејство. Но, реалист сум, знам дека тоа нема да се случи брзо“.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG