Линкови за пристапност

Како реагираат гласачите по претседателската дебата во САД?


Вчеравечер, Американците ширум земјата се собраа да ја гледаат првата дебата од сезоната на претседателската кампања во 2024 година
Вчеравечер, Американците ширум земјата се собраа да ја гледаат првата дебата од сезоната на претседателската кампања во 2024 година

Милиони Американци се вклучија да ја гледаат првата дебата во 2024 година меѓу претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп.

Од Њујорк до Лос Анџелес. Во Мичиген и Лас Вегас. Дури и патниците на летот од Минеаполис до Мајами.

На забавите каде го поддржуваа Трамп, гласачите сугерираа дека настапот на Бајден покажува дека тој не е способен да биде реизбран на највисоката функција во нацијата.

„Не сакам да бидам непочитуван кон постарите, но Бајден е... Едноставно не мислам дека тој е способен да биде лидер“, вели Армани Торес, поддржувач на Трамп во Њујорк.

Розана Понковски, поддржувачка на Трамп во Мичиген рече:

„Мислам дека е навистина тешко за кое било разумно човечко суштество да го гледа тоа и да мисли дека господинот Бајден е способен да биде наш претседател“.

„Доналд Трамп, мислам дека добро се снајде вечерва. Тој ја задржа својата смиреност и ладнокрвност“, вели Сандра Бастијан, поддржувачка на Трамп во Калифорнија.

Другите набљудувачи на дебатата беа разочарани што кандидатите не одговорија директно на некои прашања, како што е ветувањето на Трамп дека ќе депортира милиони недокументирани имигранти доколку бидат избрани.

„Поранешниот претседател Трамп не успеа да одговори на прашањето, дали ќе се обиде да депортира 13 или 14 милиони имигранти, земајќи, знаете, деца и сопрузи од други, луѓе кои се тука 20, 30 години?“, вели Доминго Гарсија од Лига на обединети Латиноамериканци.

„ Или зголемените трошоци за живот“.

На забавата за набљудување на демократите во Лос Анџелес, поддржувачите на Бајден се фокусираа на прашањата, наместо да го проценат работењето на кој било од кандидатите.

„Трамп е лажливец. Сè што вели е само една лага по друга. И тој никогаш нема да не` заштити како жени. Тој нема да ги заштити малцинствата ширум нацијата, и ќе ни ги влоши работите и ќе не стави во повеќе војни“, рече Лиза Серано, поддржувачка на Бајден.

Денис Кампос, поддржувач на Бајден од Калифорнија кажа:

„Тешко е да се види како некој постојано ја лаже американската јавност. Тешко е да се гледа. Бајден навистина се грижи за правата на жените“.

„Нема бран на криминал од имигранти кои доаѓаат во оваа земја. Тоа не постои. Претседател Трамп, поранешен претседател Трамп само ги користи тие зборови за да создаде база која само сака да создаде ксенофобична, расистичка земја“, вели Марк Рамос, претседател на Демократската партија на округот Лос Анџелес.

До денот на изборите има помалку од пет месеци.

Гласачите ќе имаат уште една можност да ги оценат кандидатите на следната дебата, која е закажана за 10 септември.

XS
SM
MD
LG