Протоколите предвидуваат носење маска која ќе се вади само при идентификација, одржување дистанца, влез во просторијата за гласање на само на толку граѓани колку што има места за гласање.
Сите подзаконски акти и препораки за заштита на здравјето на граѓаните ќе бидат испочитуваниДитмире Шеџу, потпретседателка на ДИК
„Ќе се осигураме дека на изборите на 15 јули сите подзаконски акти и препораки за заштита на здравјето на граѓаните ќе бидат испочитувани“ вели Дитмире Шеџу, потпретседателка на ДИК.
Надлежните здравствени власти се задоволни од она што го видоа на симулацијата.
Сметам дека е добро оранизирана работата во рамки на тоа што би означувало еден сигурен процес за сите гласачиВенко Филипче, министер за здравство
„Сметам дека е добро оранизирана работата во рамки на тоа што би означувало еден сигурен процес за сите гласачи. Се се спроведува така како што пропиша Комисијата за заразни болести. Има услови да се спроведат превентивните мерки. Верувам дека на самиот ден на гласање, граѓаните ќе излезат не стравувајќи за своето здравје“ изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Симулацијата која ја следеа претставници на меѓународната заедница во практика ќе се примени идната среда кога е главниот изборен ден. В понеделник ќе гласаат инфицираните од ковид-19 и граѓаните кои се во самоизолација кои се пријавиле во ДИК, а во вторник ќе гласаат болните и изнемоштени лица.